Вучиќ: Србија нема да го смени ставот, никој нема да ја уценува

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србија не го менува ставот по прашањето за воведување санкции кон Русија и додаде дека никој не ја уценувал земјата и не може да ја уценува.

На прашањето на Танјуг дали условот на францускиот претседател Емануел Макрон за добивање на Rafale е воведување санкции кон Русија или нешто друго, дали има некои услови и дали Србија ќе воведе санкции кон Русија, тој го повтори ставот на Србија по ова прашање, што не е променето од почетокот на конфликтот во Украина, објави Телеграф.

Според него, тој став важи и денес.

„Србија се гордее со својот став. А Србија е мала според големината и населението. Голема е во срцето. Србија не го променила и нема да го промени својот став. Никој не ја уценувал, и никој не може да ја уценува. “ изјави Вучиќ.

Тој рече дека слушнал дека имало уцени поради преписката на Скај.

„Можам да им кажам на криминалците од Србија дека никогаш не сум бил на Скај, ниту на што било друго. Тие се лажговци кои би ја уништиле сопствената земја“, коментира Вучиќ.

Вучиќ додаде дека имал пријателска средба со Макрон и дека е горд на резултатите од посетата, кои се во корист на Србија.

Поврзани објави
Total
0
Share