Вучиќ прогласи победа на локалните избори, опозицијата на протести во Нови Сад

Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на Српската напредна странка на локалните избори што денеска се одржаа во Србија, како и на повторените избори во Белград, објавија српските медиуми.

– Имавме мнозинство во Белград и по декемвриските избори, но сметавме дека тоа не е доволен легитимитет бидејќи некои не сакаа коалиција со нас. Сега наместо 54 мандати ќе имаме 62-63. Неверојатна е победата и во Нови Сад, 45 мандати, речиси 53 проценти од гласовите да се добие во Нови Сад – рече Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека во Ниш било најтешко.

Во меѓувреме новосадската опозиција Обединети за слободен Нови Сад излегоа на протест пред Новосадскиот саем, кој е логистички центар за броење гласови. Граѓаните се собрани пред саемот, а внатре се распоредени припадници на полицијата. Во просториите на Саемот имаше и кол-центар на СНС, но беше распуштен откако таму дојдоа опозициските активисти.

Поврзани објави
Total
0
Share