Вучиќ: Ме погоди гласањето на Северна Македонија за резолуцијата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа во Белград изјави дека е погоден од гласањето на резолуцијата за Сребреница од Северна Македонија во Генералното собрание на Обединетите нации (ГС ОН), бидејќи „најмногу инвестирал“ во односите со таа земја, јави дописникот на МИА од Белград.По враќањето од Њујорк, каде што зборуваше на седницата на Генералното собрание на ОН каде беше усвоена Резолуцијата за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, Вучиќ за ТВ Прва изјави дека за разлика од гласањето на Црна Гора потешко е погоден од ставот на Скопје, без разлика на приказните за претходната влада.

Односот на Северна Македонија не е фер затоа што ми се чини дека најмногу вложив во односите со браќата Македонци и тие секогаш ќе бидат наши браќа.Се покажа дека Грција (која беше воздржана) има повеќе ‘рбет од Северна Македонија и тоа е така, го сакале ние тоа или не, рече Вучиќ.

Поврзани објави
Total
0
Share