Вучиќ: Курти нема да запре со политиката за создавање голема Албанија, Западот молчи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во интервју за РТС дека политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што ќе продолжи. Вучиќ тврди дека косовскиот премиер Албин Курти нема да застане.

– Албин Курти нема да застане тука. Кој мисли дека има начин да го запре господинот Курти, нема начин за тоа прашање. Нема начин да го постигне тоа, но постои начин да не го постигне тоа бидејќи вие во одреден момент ќе му се спротивставите, рече Вучиќ

Зборувајќи за посетата на Курти на Тетово и Скопје, Вучиќ изјави дека проблемот не е едно знаме на „Голема Албанија“, туку она за што Курти зборува и начинот на кој тоа се најавува.

– Тие што го штитат, особено во Белград, велат дека сум бил во Приједор. Па, бев, но бев најавен како претседател на Србија, не како претседател на сите Срби. Не како премиер на сите Албанци, како Албин Курти, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека „Западот молчи“ затоа што не ги интересира приказната.

Поврзани објави

Вучиќ: Ако биде изгласана резолуцијата за Сребреница, ќе бараме непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека доколку резолуцијата за Сребреница биде изгласана во Обединетите нации (ОН),…
Повеќе
Total
0
Share