Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за мандатар за состав на Влада

Српскиот претседател Александар Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ, лидер на Српската напредна странка (СНС) и актуелен министер за одбрана, за мандатар за состав на новата влада.

Вучиќ на Инстаграм напиша дека по консултации со претставници на изборните листи, кои беа избрани на изборите во декември, донел одлука за „предлог на кандидат за претседател на владата“.

„Му предлагам на Народното Собрание на Србија, Милош Вучевиќ како кандидат за премиер на Србија“, објави Вучиќ.

Вучевиќ лани беше избран за претседател на СНС, откако Вучиќ се повлече од функцијата.

Поврзани објави
Total
0
Share