Втор состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

Во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржа вториот Состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој беа присутни и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија.

Северна Македонија претседава со Процесот за соработка во Југоисточна Европа во периодот јули 2023 – јуни 2024 година, под мотото „Премостување поделби, градење доверба“.

На состанокот се разменија мислења за актуелните прашања од интерес за Регионот и нивното влијание врз регионалната соработка, Планот за раст за Западен Балкан на Европската Унија и влијанието на моменталната геополитичка ситуација на евроинтегративниот процес, за поддршката на европската интеграција и одржливиот развој преку соработка помеѓу учесниците во Процесот, како и за тековните активности на претседавањето на Северна Македонија со оваа иницијатива.

Република Северна Македонија е учесник во Процесот од самото негово формирање, а претседава по трет пат, по тие во 2000 – 2001 година и во  2012 – 2013 година.

Поврзани објави
Total
0
Share