Втор протест на ФИНКИ за простор, остануваат на барањето да се вселат во просториите на БРО

– „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“ извикуваа студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство пред Владата каде што стигнаа со протестен маратон што почна во Градскиот парк.

 По првиот на 21 март, тоа беше нивни втор протест за да го актуализираат просторниот проблем на нивниот факултет, со барање до надлежните институции да им обезбедат простории за настава.

Беа предводени од деканот Боро Јакимовски кој истакна дека протестите ќе ги продолжат и во наредните недели за, како што рече, да ја поткренат свеста на државата за проблемот со кој ФИНКИ се соочува веќе 13 години.

На ФИНКИ сега студираат околу пет и пол илјади студенти кои следат настава на неколку факултети од техничкиот кампус во Карпош.

 Трајно решение за ФИНКИ е нов објект во близина на Ректоратот на Скопскиот универзитет, чија изградба веќе седум години е во застој поради стечај на фирмата изведувач.

До тогаш  бараат привремен простор и очекуваат да им бидат отстапени просториите на Бирото за развој на образованието (БРО).

Поврзани објави
Total
0
Share