ВРЕДИ: Тетово секој ден е по небезбедно, расте криминалот

,,Граѓаните на Тетово секојдневно се чувствуваат се помалку безбедни. Тие се многу загрижени за хаосот што постојано расте, поради нефункционирањето или дури и намерното непостапување на Секторот за внатрешни работи во Тетово“ соопштија денеска од коалицијата на албанските партии – ВРЕДИ.

Оттаму велат „Главните теми што се дискутираат меѓу граѓаните на Тетово се бегањата на лица од затворот кои се опасни и осудени за тешки криминални дела“Истрели среде градски улици, пукотници на партиски собири, сообраќајни несреќи и хаос во градот, а засега нема мерки за нивно спречување и изолирање на опасните луѓе.Исто така, има и значителен пораст на семејното насилство и насилството врз жените, но и овие случаи што се пријавени во полицијата воопшто не се третираат од СВР-Тетово, ниту и од другите соодветни институции на централната власт.Како што се гледа во медиумите и на социјалните мрежи, СВР-Тетово е фокусирана само на организирање на политички собири на ДУИ и што е можно поголемо учество на припадници на полицијата на овие собири.Во меѓувреме, граѓаните не информираат дека добиваат телефонски повици од полицајци кои ги повикуваат да учествуваат на митинзи, или им наредуваат како да гласаат.Полицијата не е партиски орган, туку е институција која треба само да се грижи за безбедноста на граѓаните.Денеска ги повикуваме граѓаните на Тетово да не потпаѓаат на заплашувањата на партиските полицајци. Исто така ги повикуваме нашите мајки и сестри да не се откажуваат и да не се плашат бидејќи промената која ВРЕДИ, доаѓа и на овие комунистички акции наскоро ќе им дојде крајот“ стои во соопштението на ВРЕДИ.

Поврзани објави

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Од кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давковa соопштија дека таа денеска остварила телефонски разговор со претседателот на Украина,…
Повеќе

Силјановска Давкова: Нека подвигот на светите браќа бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено

Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители…
Повеќе
Total
0
Share