ВРЕДИ: ДУИ со гласањето за реоранизација на министерствата, покажа дека може да биде конструктивна опозиција

По вчерашната поддршка на ДУИ за Законот за реорганизација на министерствата се огласи ВРЕДИ преку соопштение.

.„Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција. После бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста. Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок. Формирањето на ад хок собраниска комисија предводена од опозициски пратеник е добар чекор во зајакнување на контролата на законодавната врз извршната власт.

ВРЕДИ изразува задоволство што нашите апели кај некои пратеници на ДУИ вродија со плод.Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ. Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен наефикасност во реализација на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Северна Македонија.“, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Поврзани објави
Total
0
Share