Вратени 4 пратки од Македонија наменети за хрватскиот пазар полни со пестициди

Хрватските портали пишуваат дека се вратени 4 пратки од Република Северна Македонија наменети за хрватскиот пазар полни со пестициди. До овие бројки дошле откако навреме реагирале од хрватската агенција за храна. Целото овошје и зеленчук било стопирано уште на самата граница каде не било дозволен влез во Хрватска.

На прво место се наоѓа Турција, додека ние го држиме второто место. Како штетни била идентифукувана мешаната салата, морковот и пиперките. Хрватските портали ги предупредуваат читателите да бидат внимателни со купувањето и да обрнат внимание ако производите доаѓаат од тие земји кои се наведени.

Како еден од најштетните пестициди се наведува klorpirifosu кој се пронајдени дури во 13 пратки на овошје и зеленчук, па после него следуваат fosmet, fenamifos i formetanat. Кlorpirifosu е забранет во земјите на ЕУ од причина што предизвикува генотоксичен потенцијал и многу здравствени студии покажале дека може да влијае врз невролошкиот развој на децата.

Поврзани објави
Total
0
Share