Вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа – кривична за екс директор на ПИОМ Тетово

Екс директор на ПИОМ Тетово – Д.Б. (45) од Тетово заработи кривична пријава.

Според информациите, тој ангажирал 6 лица и им давал плата иако лицата не ги извршувале работите поради за кои биле ангажирани. На име плата им исплатил вкупно 22.000 евра, информира ОЈО Тетово.

Од 19 февруари 2022 година до 17 март 2023 година, кога бил директор на Фондот, пријавениот во име на Фондот склучил повеќе договори со 6 физички лица постапувајќи спротивно од Законот за спречување корупција и спротивно од одредбите во склучените договори.

Пријавениот, според информациите, знаел дека ангажираните лица не ги извршувале работните задачи предвидени во склучените договори и дека Фондот не водел евиденција за редовност, но сепак повеќепати им исплатил вкупно 1.387.558 денари на штета на Фондот, односно на Буџетот на Македонија.

Поврзани објави
Total
0
Share