Вработените во „Комунална хигиена“ се враќаат на работа, СУТКОЗ ќе продолжи институционално да ги бара правата

Втората смена на Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ денеска ќе започне со работа, изјави денеска претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски.

Како што информираше Кашиковски за МИА, одлуката е во интерес на граѓаните, а со оглед на најавите за високи температури.

– Одлуката e во интерес на граѓаните и со оглед на најавите за високите температури, вработените во Комунална хигиена ќе почнат со работа. Веќе втора смена денеска ќе излезе на терен, а ние институционално ќе си ја тераме работата. Не треба поради нечија одговорност граѓаните да трпат, рече тој по средбата на претставниците од СУТКОЗ, синдикатот во кој спаѓаат и вработените во Комунална хигиена со претставници од Извршниот одбор на комуналното претпријатие.

Вработените во „Комунална хигиена“  вчера протестираа пред претпријатието барајќи поголема плата и враќање на отпуштените работници, а поради нивниот протест град Скопје деновиве остана затрупан во ѓубре преполни контејнери. 

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share