Во тешка сообраќајка помеѓу камион и мотор во тунелот кај Катланово загина маж од Унгарија

На 26.06.2023 во 16.46 часот било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после влезот во тунел Стража-Катланово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген дока“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од с.Цветово, скопско и мотоцикл „хонда“ со унгарски национални ознаки, управувано од Ц.Б.(70) од Р.Унгарија.

На местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Т.В.М.(68) од Р.Унгарија, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.   

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share