Во Србија се одржуваат локални избори за 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за град Белград

Утрово во 7 часот се отворени избирачките места за локални избори во 89 градови и општини, меѓу кои Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево и повеќето општини во Војводина. Избирачките места се затвораат во 20 часот.Денеска, повеќе од 4,2 милиони граѓани на Србија можат да го искористат своето право на глас на локалните избори кои се одржуваат во 67 градови и општини и 23 урбани општини во Србија.

Изборниот молк, кој започна во четвртокот на полноќ, трае до 20:00 часот, што значи дека е забрането објавување оценки за изборните резултати во медиумите и на јавни собири, јавно да се презентираат кандидатите на изборите и нивните програми, како и повици гласачите да гласаат, односно да не гласаат за конкретни изборни листи или кандидати.

Денеска има прегласување на одредени изборни места во Белград бидејќи на локалните избори во главниот град на Србија во декември минатата година беа откриени голем број нерегуларности. Слично како на локалните избори во Македонија во 2014 година, таму владеачката партија беше откриена како врши изборен инженеринг преку преселба и носење на гласачи од други делови на земјата, но и од други соседни држави.

Поврзани објави
Total
0
Share