Во пожар под скопско Кале изгореа пет возила

Пет патнички возила се зафатени со пожарот што избувна попладнево на поранешниот полигон за полагање возачки испити под Кале, а во неговото гаснење беа вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари.Поред првичните наоди, причината за пожарот е запалена сува трева. Беше локализиран од тим од 12 пожарникари.- Околу 13 часот и 25 минути во СВР Скопје е пријавено дека на дивиот паркинг кај поранешниот полигон настанал пожар пришто горела сува трева. Притоа од пожарот опожарени се пет моторни возила. Повредени лица нема. Пожарот е локализиран, а по насоки на инспектор од СВР Скопје, се повикуваат сопствениците на возилата кои ги оставиле на дивиот паркинг. Ќе се врши увид и документирање од страна на СВР Скопје. – соопштија од МВР.

Поврзани објави
Total
0
Share