Избирачкото место 2101 во село Ларце, Општина Желино, во шестата изборна единица, е едно од седумте на кои денеска се прегласува на парламентарните избори.
Гласањето започнало навреме, во 7 часот. До 9 часот гласале 100 избирачи од 993 колку што се запишани во избирачкиот список и процесот се одвива без проблеми.
Државната изборна комисија (ДИК) го поништи гласањето на тоа избирачко место по изборите што се одржаа на 8 мај.