Во избирачкото место 1844 во Струга до 13 часот гласале 30 отсто од регистрираните гласачи

Речиси 30 отсто е излезноста до 13 часот во избирачкото место 1844 во Струга во прегласувањето на вториот круг од Парламентарните избори 2024 година.

Заменик претседателката на Општинската изборна комисија Деспина Влаќеска за МИА информира дека до 13 во ова избирачко место гласале 234 лица од регистрирани 755 гласачи.

Прегласувањето на ова избирачко место утрово почна навреме, во 7 часот и гласањето се одвива непречено. 

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share