Во Велес до 9 часот гласале 6,36% за претседател и 6,29 % за пратеници

Во Велес и Велешко на сите 84 избирачки места до 9 часот на гласање во вториот круг за избор на претседател од запишани 44 858 на Единствениот избирачки список до 9 часот гласале 2 794 граѓани, односно 6,36 проценти.

На Единствениот избирачки список од запишани 44 954 за избор на пратеници во Парламентот до 9 часот гласале нешто помалку односно 2763 или 6,29 проценти, информира за МИА Ребека Бајдевска Ѓошева член на ОИК Велес.На сите избирачки места гласањето се одвива според сите избирачки правила и во најдобар ред и од ОИК Велес информираат дека се во постојан контакт со избирачките одбори и ја следат нивната работа околу регуларноста и текот на изборите.

Поврзани објави

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Од кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давковa соопштија дека таа денеска остварила телефонски разговор со претседателот на Украина,…
Повеќе

Силјановска Давкова: Нека подвигот на светите браќа бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено

Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители…
Повеќе
Total
0
Share