Возила во колони на „Богородица“ чекаат за влез во Грција

На камерите ја ЈПДП се забележува дека за излез од државата има голем број возила кои чекаат на „Богородица“, распоредени во пет колони

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, но се бележи зголемена фреквенција на возила за излез на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП ‘Богородица’ за излез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“,

пишува во извештајот за состојбата на патиштата што АМСМ го објавил пред неполн час.
На камерите од граничните премини на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), пак, се забележува дека за влез во Грција од македонска страна на границата голем број возила кои чекаат распоредени во пет колони, од кои четири се со возила, а една со камиони.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share