Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година и резултатите се катастрофални.
Владата на СДС/ДУИ во 2023 година:
· Оствари само 1% економски раст, а планираа од 2,9%. Три пати понизок. Црна Гора (6,6%), Албанија (3,5%), Хрватска (2,8%) и Србија (2,5%) забележаа значајно повисоки стапки на економски раст.
· Остварија пад од 17% на бруто-инвестициите, а планираа раст од 5%.
· Остварија огромен буџетски дефицит од 4,9% од БДП, а планираа 4,6% од БДП. Длабоко го прекршија фискалното правило за буџетски дефицит од 3% од БДП кое стои во Закон и тоа втора година по ред.
· Јавниот долг со новите податоци на БДП изнесува 62,1% од БДП на крајот од 2023 година, и ја надмина психолошката и прифатлива граница од 60%.
,, Македонија е во стагфлација, а оваа власт не фрли во должничко ропство.Оставаат и 1,8 милијарди евра обврски за плаќање на камати во наредните 5 години, или 360 милиони евра годишно, пари со кои можеа да се изградат патишта, училишта, градинки, да се зголемат плати, пензии. Оставаат јавен долг за 8,5 милијарди евра (за 3,8 милијарди го зголемија). А, просечниот економски раст за нивно владеење од 2017-2023 година е само 1,6%. За што се потрошија парите на граѓаните и бизнисите? Допрва ќе има одговори и одговорности”, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57