ВМРО ДПМНЕ ќе формира Влада, се преговара за 61 пратеник/КЛАН Дебата

Во вечерашната емисија КЛАН Дебата со Љубиша Николовски, коментирајќи ги изборните резултати, Сафет Бишевац ,поранешен новинар а сега е дел од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ потврди дека се преговара со некои пратеници за да се достигне до бројка од 61 пратеник во Собранието.

,,Мицкоски во интервју  спомна дека има можност до 28 мај ,Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да консолидира 61 пратеник.Точно е дека се преговара со некои пратеници, етнички турци кои сега се со ДУИ. ВМРО ДПМНЕ постигна одличен резултат, ова е нешто што гарантира формирање на нова Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ”, рече Бишевац.

Аналитичарот Благојче Атанасовски смета дека на СДСМ му е потребен рестарт и престуктуирање.

,,ДУИ е втора политичка сила. Во СДСМ почнаа да се даваат оставки.Многу членови и партиски функционери почнуваат да кажуваат дека на СДСМ му треба целосен рестарт, ребрендирање .После вчерашниот ден, после историскиот пораз на СДСМ, политички локдаун ,ќе им треба долго време да застанат на здрави нозе и да се вратат на социјалдемократските принципи и враќање на довербата на гласачите. ВМРО ДПМНЕ има по дисциплинирано гласачко тело. СДСМ се наоѓа во тотален колапс”, посочи Атанасовски.

Комуникологот Сашо Пешев оцени дека СДСМ комплетно ја изгубило ПР битката.

,,Кампања не се води само во предизборието туку тоа трае една, две , три години. СДСМ комплетно ја изгуби ПР битката.ВМРО ДПМНЕ успешно успеа да наметне наратив дека ДУИ е тој кој нешто прави, СДСМ потфрли не само од аспект на кампања туку и од аспект на лидерство.Имаа сериозен проблем со комуникацијата.Никој не прогнозираше дека СДСМ ќе има  толку лош резултат.Од друга страна, ја имате ДУИ која е експерт за националните прашања.Тука ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се исти.Сите прогнозираа дека СДСМ може да има од 20 до 23 пратеника но никој не мислеше дека ќе има 18”,истакна Пешев.

Поврзани објави

КЛАН Дебата/Мацановиќ и Мехмети :ВРЕДИ И ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да ги делегитимираат гласовите на другите етнички заедници

Амар Мацановиќ, пратеник  од Левица во новиот парламентарен состав  порача дека сега е времето гласачите од другите етнички…
Повеќе
Total
0
Share