ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за другиот внук на Али Ахмети – Бесиан Ахмети!

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со обвинувањата кон ДУИ. Ако изминативе денови на мета беше внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, македонската опозиција, како што известува КланМ, сега се сврте кон другиот внук Бесиан Ахмети.

Според нив, тој бил назначен за прв секретар во Амбасадата во Брисел, а од 2007 до 2017 година бил сопственик, заедно со неговиот брат Дрини, на фирмата „Еverest XHD“.

ДРАГАН КОВАЧКИ, ВМРО-ДПМНЕ 

“Бесиан Ахмети, сега од позиција на службеник, одреден период беше назначен да ги следи договорите за концесии за минерални суровини, бизнис со кој се занимава неговата фирма, која остана во сопственост на братот Дрин Ахмети.“

Опозицијата, како што пренесуваКланМ, не се двоуми да го впери прстот и обвинувањата за корупција кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ДРАГАН КОВАЧКИ, ВМРО-ДПМНЕ 

“Али Ахмети го гради кланот Ахмети. Додека е пратеник и лидер на ДУИ, членовите на неговото семејство влегуваат во мултимилионски бизниси и во институциите одлучуваат за судбината на другите бизниси кои може да се појават како конкуренти.“

Од ВМРО-ДПМНЕ го коментираат и случајот “Мерко“. 

Според нив, како што известува КланМ, градоначалникот на Струга е на американската „црна листа“, додека премиерот Ковачевски не се осмелува да бара одговорност од него. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека со ова СДСМ и Ковачевски се подложени на ДУИ и нивните партиски функционери. /КланМакедонија

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share