ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема пратеници за уставни измени

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите пред днешната собраниска седница наведува дека СДСМ нема пратеници за уставни измени и уште еднаш повикуваат на предвремени парламентарни избори.

  • Нека ги стават на гласање и ќе се уверат, единствено решение се избори. Власта цела година манипулира со бројки, а реалноста е дека, ако имаа 80 пратеника одамна ќе ги спроведоа уставните измени. Реалноста е дека нема ниту 70 пратеника кои ќе гласаат уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш децидно денес, како и многу пати до сега ќе го повтори својот став, дека уставни измени под овие околности и бугарски диктат нема да прифати. СДС да не ги малтретира граѓаните и државата и уште денес по неуспехот со уставните измени да се распушти Парламентот и да одиме на избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share