ВМРО ДПМНЕ :Пендаровски пола од мандатот потроши да им се допадне на бугарските негаторски кругови, а сега бара мандат од македонските граѓани кои ги изневери

ВМРО ДПМНЕ обвини дека претседателот Пендаровски  половина од времето го потрошил за да им се допадне на официјалните лица во Софија.

,, Бојко Борисов го поздравуваше со “как си љубави“, на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев јавно му се заблагодаруваше за политичката поддршка што му ја дал, а дното го достигна со изјавата “ Гоце Делчев се декларирал како Бугарин“.

Пендаровски треба да знае дека беше избран за претседател и земаше плата од народните пари за да биде заштитник на македонските позиции, а не на странските. Сега пак бара мандат од оние граѓани кои ги заборави и изневери”,се вели во писмената реакција на ВМРО ДПМНЕ.  

Поврзани објави
Total
0
Share