ВМРО-ДПМНЕ за писмото на Лога: Доаѓа време за одговорност за сите упади во закони во правосудниот систем

,,Доаѓа време за одговорност за сите упади во закони во правниот и судскиот систем.”,вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, за писмото што министерот за правда Кренар Лога го испратил до меѓународната заедница во кое предупредува на упад од страна на парламентарното мнозинство во независни и уставни институции .

,,.Почитувани, оценката за правото во Македонија со Лога, со СДС и со ДУИ е добро позната и во Македонија и во меѓународната заедница. Кренар Лога, заедно со СДС и ДУИ, е во опозиција. Доаѓа време за одговорност, за сите упади во закони во правниот и судскиот систем“,беше одговорот на портпаролот Стоилковски на прашањето за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за писмото на Лога.

Во писмото испратено до официјален Брисел, Вашингтон и до дел од странските амбасади во земјава, министерот Кренар Лога изрази загриженост поради најавата на ВМРО-ДПМНЕ, која партијата ја даде уште пред изборите, дека доколку дојде на власт ќе ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Поврзани објави
Total
0
Share