ВМРО-ДПМНЕ: Законот за државна управа повлечен поради номотехничка грешка

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека законот за реорганизација на владата не е повлечен од Собрание, туку дека станува збор, како што велат од таму, за номотехничка грешка.

Од партијата појаснуваат дека исправката ќе биде за брзо време коригирана и денес ќе се најде предлог-законот повторно на седница на Собранието.

– Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог законското решение, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го извести Собранието дека го повлекува предлог законот со кој требаше да се реорганизира владата со нови министерства и да се донесе по брза постапка.

„Ве известувам дека го повлекувам Предлогот на закон за изманеување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка со архивски број 09-2830/1 поднесен на 05.06.2024“, стои во известувањето од Мицкоски поднесено како пратеник предлагач до Собранието.

Поврзани објави
Total
0
Share