ВМРО-ДПМНЕ: Во петокот цела Македонија виде дека Ковачевски лажел

Ковачевски и СДС не се веќе фактор, единствениот излез се избори. Ковачевски цела година лаже дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени. Во петокот цела Македонија виде дека Ковачевски лажел, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС и ДУИ не само што немаат легитимитет, и не само што немаа 80 пратеника, туку едвај имаа 70 пратеника. Пратеници од СДС и од нивната коалиција не се за уставни измени и тоа сите го видоа, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски и СДС не можат да ги убедат ниту сопствените пратеници. Ковачевски и СДС се дефакторизирани. Никој повеќе не ги слуша Ковачевски и СДС, ниту некому му е важно што тие мислат. Тие ја донесоа државата во ќорсокак и не се способни да ја извадат од таа ситуација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата уште еднаш истакнаа дека се потребни избори, како единствен начин за излез од кризата.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share