ВМРО ДПМНЕ веднаш му возврати на СДСМ за обвинувањата за непотизам на градоначалникот на Охрид,Пецаков .
,,На седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од едно евро за метар квадратен. Додека Ковачевски беше заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата која произвела таков непотизам треба да се сокрие и да се срами од народот, кој со години со ограбува. Исто времено добро би било да одговорат како ВМРО-ДПМНЕ фатило врски за вработување на една од посочените во училиштето Кочо Рацин во општина Центар во Скопје, кое е под надлежност на Горан Герасимовски од СДС? Дали Ковачевски, Кузеска или некој од СДС му се јавиле на Герасимовски и прашале како тој лобирал една од посочените на прес-конференцијата на СДС за непотизам во Охрид да биде вработена во институција со која тој раководи? Дали СДС знае што зборува или можеби станува збор за некаков внатрешен судир и пресметка? Навистина е жално што СДС и на празникот Прочка решија да ги сквернават чувствата на граѓаните и да шират лаги и да манипулираат. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме – велат од партијата.
Поврзани објави
Николоски од Белград: Една од главните заложби на Владата и моја е изградба на брза пруга Скопје-Солун
Подобрување на инфраструктурата, особено во делот на Коридорот 10, е една од темите на кои ќе зборуваат со…
04.09.24 16:18
Инспекторите од утре ќе ги контролираат маржите на училишниот прибор
Од ДПИ велат дека ќе постапуваат исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуката, но оти…
04.09.24 16:14
50 % роденденски попуст за 5 години А1
А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на Групацијата А1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на…
04.09.24 16:12