ВМРО ДПМНЕ бара од Пендаровски да каже дали го прифаќа условот кој вчера го испорача Артан Груби дека услов за коалиција и поддршка во втор круг е ДУИ да добие ветување за избор на претседателот на државата во собранието од наредните избори.
,,Пендаровски и СДС јасно да кажат дали ќе прифатат претседател на државата да се бира во собранието, наместо директно од народот?Наместо да бега од одговори, очекуваме јасен став од Пендаровски, колку и тоа да е тешко за него. Едноставно е ќе го прифати или не условот на Артан Груби и ДУИ претседател на собранието да се бира во собранието?”, се вели во соопштението од партијата.