ВМРО ДПМНЕ:Документите на СДС се целосно измислени, следува тужба за клевета, очајнички лажат и манипулираат

ВМРО ДПМНЕ ги демантира информациите на СДСМ за наместени анкети.

,,Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДС.

Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДС е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста.

Сметаме дека изворот на ваквите информации се од кујната на СДС кои очајнички прибегнуваат кон дезинформации, фалсификуваат документи соочени со претстојниот пораз,”велат од ВМРО ДПМНЕ.

 

Поврзани објави
Total
0
Share