Владата на PCM од четврток во оставка

КОВАЧЕВСКИ: ОЧЕКУВАМ ДО НЕДЕЛА ДА СЕ ИЗГЛАСА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА, ПАРТИТЕ ДА СЕ ОДНЕСУВААТ СЕРИОЗНО

Премиерот Димитар Ковачевки во четврток ќе поднесе оставка, по што ќе почнат процедурите за техничка влада која мора да ги спроведе парламентарните избори. Со оставката на премиерот, целата влада ќе биде во оставка и според него подготовките и екипирањето на техничката влада се во тек и се очекува да бидат финализирани до петок. На прашањето дали Алијансата за Албанците ќе биде дел од Европскиот Фронт, Ковачевски не даде конкретен одговор, но нагласи дека во нивната коалиција ќе бидат сите проевропски и прогресивни субјекти.

“Нашата земја се наоѓа пред избор за ЕУ или за нешто друго, тоа го вели и висок претставник на САД, а тоа им е јасно на сите наши граѓани. Овие избори нема да бидат избори меѓу левицата и десницата, туку ќе бидат избори меѓу западот и истокот. Проценувам дека нашата коалиција ќе ги има сите политички партии кои денес се дел од оваа проевропска, прогресивна коалиција“, Димитар Kовачевски.

Во врска со оставката на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, премиерот одговори дека во четврток целата влада ќе поднесе оставка и нема потреба ниту еден од министрите да прави такво нешто.

“Целата оваа дискусија е во контекст на законите што неговото министерство му ги предложи на Собранието, за кои знам дека се подготвува расправа во Собранието. Има пратеници кои имаат различни мислења за некои од овие закони. Станува збор за збир на закони за реформи во јавната администрација, работните односи итн. Оценувам дека министерот Алиу ќе има добра можност сето ова да го изнесе во расправата на собраниската комисија и подоцна на пленарната седница. И мислам дека тој ќе биде тој што ќе ги презентира и треба да ги презентира, бидејќи навистина се трудеше за нивната финализација“, Димитар Kовачевски.

Ковачевски смета дека до четврток ќе се гласа за техничката влада и порача сите субјекти кои се вклучени во овој процес да бидат сериозни, алудирајќи на најавите на ВМРО дека ќе и предложи министри на техничката влада, но нема да гласа за нив./KlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share