Владата на денешната седница донесе одлука за формирање на Совет за следење на имплементацијата на Развојната Секторска Стратегија за правосудство (2024 – 2028)

Советот се формира заради обезбедување на континуитет на досегашната пракса за следење на реформите во правосудството. Како што е познато ,Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 26.12.2023 година ја усвои Развојната Секторска Стратегија за Правосудство (2024 – 2028) со нејзиниот Акциски план.

Советот ќе се грижи за навремено спроведување на мерките и активностите согласно Акцискиот план, следење на приоритетите, временската рамка и роковите за имплементација и оценување на постигнатите резултати во спроведување на Акцискиот план.
Со Советот ќе претседава министерот за правда, а останати членови се:
По функција :
Министерот за внатрешни работи;
Министерот за информатичко општество и администрација;
Министерот за финансии;
Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања;
Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење;
јавен обвинител на Република Северна Македонија;
претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија;
претседател на Судски совет на Република Северна Македонија;
претсетедател на Совет на јавни обвинители Република Северна Македонија.

Други членови се:
Академик Владо Камбовски;
Вера Коцо, судија во пензија;
Аднан Јашари, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово;
Слаѓана Тасева, поранешна претседателка на Транспаренси интернешнл – Македонија;
Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово;
Неда Здравева, професор на Правниот факултет ,,Јустинијан Први‘‘ – Скопје;
Абдула Азизи, професор на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово;
Никола Прокопенко, државен советник за кривично законодавство во Министерството за правда;
Марија Николовска Ѓорѓиев, кабинетски службеник во кабинетот на заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања;
Жарко Хаџи Зафиров, претставник од БЛУПРИНТ групата за правосудство;
На седниците по потреба ќе присуствуваат и ќе ја следат работата и други министри , заменици на министри и функционери кои раководат со органи на джавната управа, домашни и меѓународни експерти, стручни лица и претседателите на Здрженијата на судии, на јавни обвинители, на судска служба и јавнообвинителска служба.

Поврзани објави

Силјановска од Гостивар:Никогаш нема да одам на преговори, никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието за тоа!

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на граѓаните од Гостивар им порача дека покрај консултациите со Владата, мора…
Повеќе
Total
0
Share