Високи температури, расте бројот на лицата што бараат помош

МУСТАФАИ: ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ СЛЕДАТ ПРЕПОРАКИТЕ НА МЗ

Со порастот на температурите во последните денови се чини дека е зголемен и бројот на граѓани кои побарале итна помош во Тетово. Според доктор Бесник Мустафаи од Итната помош во Тетово, во последните 24 часа се извршени околу 130 медицински контроли.

БЕСНИК МУСТАФАИ, ДОКТОР ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ИТНА ПОМОШ, ТЕТОВО

“Во последните неколку дена имаме зголемен број на пациенти кои бараат помош како во амбулантските контроли во итната медицинска помош, исто така зголемен е и бројот на повици кои бараат лекарска помош на терен, приближно за 24 часа во амбулантата имаме близу 100 до 130 контроли во амбулантата и над 15 или 20 интервенции на терен.“

Според докторот Бесник Мустафаи, најчувствителната возрасна група која бара помош е возрасната група над 65 години, тој апелира до сите граѓани да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, да избегнуваат непотребно излегување и да бидат максимално внимателни со храната на овие високи температури./KlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share