Вимблдон: Рубљов избори четвртфинале каде го чека Ѓоковиќ?

Одличен ден за руските тенисери на Вимблдон. Пласман во осминафиналето обезбеди и Бугаринот Димитров додека кај дамите нова победа забележа 16-годишната Русинка Андреева.


Возбудливи дуели се одиграа денеска на Вимблдон. Пласман во осминафиналето во меч кој траеше два дена избори бугарскиот тенисер Григор Димитров кој со 3-0 славеше против Французинот Тиафо.


Најнеисвесно беше на мечот помеѓу Рубљов и Бублик каде рускиот тенисер ги доби првите два сета, но Бублик не се предаваше и успеа да израмни на 2-2 но немаше сили за целосен пресврт.


Сензационална победа оствари Русинот Сафиулин кој е 92-ри во светот и успеа да го изненади Канаѓанецот Денис Шаповалов совладувајќи го со 3-1 во сетови.
Вечерва се игра дуелот Ѓоковиќ- Хуркач. Српскиот тенисер доколку се пласира во четвртфиналето ќе игра токму против Рубљов.


На женскиот турнир продолжува серијата на 16-годишната Русинка Мира Анреева која со убедлива игра во два сета ја елиминира сонародничката Потапова. Американката Пегула исто така во два сета славеше против Лесиа Цуренко од Украина.

Поврзани објави
Total
0
Share