ВИДЕО: Реми на шампионот во Хетафе, голема ВАР-драма го одбележа финишот

Шампионот на Шпанија, Барселона, со непредвидено реми ја почна новата сезона во Примера. Екипата на Чави, како и минатата сезона, одигра 0-0 на теренот на Хетафе. Дуелот траеше 116 минути, беа доделени два црвени картони, а во финишот следеше и ВАР-драма.

Гостите од Каталонија има целосна иницијатива, но не креираа зрели шанси за гол. Мисијата стана уште потешка, откако Рафиња заради два жолти картони беше исклучен во 42. минута. Сепак, бројчена рамнотежа на теренот се врати во 57. минута, кога Хаиме заради парен број на картони мораше предвреме во соблекувалната.

Чави комплетно ја трансформира екипата, ги внесе Абде, Ансу Фати и 16-годишниот Ламин Јамал, но Хетафе си сите сили се бранеше. Гундоган и Левандовски ги имаа најзрелите можности, Абде беше срушен во моменти кога излезе сам пред домашниот голман, но судијата не ја прекине играта.

Кулминацијата на возбудувањата дојде во 100. минута, кога Иглесијаз невнимателно го удри Араухо во казнениот простор, судијата не ја прекина играта, па мораше ВАР-собата да интервенира. Иако имаше евидентен прекршок, Гави на почетокот на акцијата играше со рака и затоа не беше досудена најстрога казна. Во 106. минута и Хетафе имаше две шанси да го шокира шампионот, но ударите на Порту и Лозано не завршија во целта.

Поврзани објави
Total
0
Share