Вештачењето на телефонот откри нелогичности

Многу пораки и податоци од повиците од апликацијата „Најди ме“ биле избришани во телефонот на мајката на исчезнатото девојче Данка Илиќ, Ивана, тврди неименуван извор за српски Пинк, пренесе СрбијаДанас.

Тоа е една од причините што мајката во моментов по четврт пат е во полициската станица каде детално ја испрашуваат за поединостите од случајот, дознава српска „Република“.

– Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но остануваат во базата на податоци – рекол изворот за Пинк.

Српски „Блиц“ пишува дека полицијата добила многу информации преку системот „Најди ме“ во последните четири дена и дека секоја информација мора да се провери со мајката. 

Полицијата во Бор во Србија открила нелогичности во изјавите на мајката на исчезантото девојче Данка, Ивана Илиќ споредена со изјавата на таткото.

За Марко Ницовиќ, поранешниот шеф на белградската полиција, сомнително е тоа што, според него, родителите чекале два часа пред да го пријават исчезнувањето на нивната ќерка.

Полицијата морала одделно да ги испрашува мајката и таткото во истрагата за тие да не си сугерираат еден на друг во одговорите. И мајката и таткото го поминале тестот за полиграф. Засега полицијата не наоѓа нивна поврзаност со исчезнувањето на девојчето.

Поврзани објави
Total
0
Share