Вечерва повторно евакуиран „Ист гејт“,се запалил автомобил во гаражата 

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.Од Противожарната служба информираат дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.– Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираат од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.Трговскиот бил привремено евакуиран. Причините за пожарот се уште не се познати.

Поврзани објави
Total
0
Share