Вербални закани кон претседателката на Уставен суд,Кацарска

Денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје непознато лице вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по што интервенирало нејзиното обезбедување.

Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Поврзани објави
Total
0
Share