Велковски: Градинките во Скопје ги почитуваат мерките против големата кашлица

Градинките во Скопје си имаат евиденција колку од децата кои немаат уреден вакцинален статус не се згрижуваат, бидејќи Mинистерството за здравство ги презема сите активности, а тоа е носењето на одлуката и решението со голема кашлица, истакна денеска од Штип дополнителниот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, кој одговараше на новинарско прашања, дали се знае колкав е процентот на деца кои се згрижени, како и колку поради неуреден вакцинален статус  не се згрижуваат во скопските градинки.

-Градинките точно си го почитуваат законот, целата ситуација на инспекциите си го презема Државниот здравствен и санитарен инспекторат, којшто ги врши контролите на терен, нашите инспектори ги продолжуваат оние редовни активности по Закон за пратење на контролата на ситуацијата и на целокупниот процес на функционирање во детските градинки.

Навистина жалам што Скопје е буквално област каде што ситуацијата е голема, иако можам да кажам дека на целата територија на Македонија процентот на вакцинирани дечиња е навистина голем во голем број од градовите, вели Велковски.

Тој упати апел до родителите да си ги вакцинираат своите деца, со цел да бидат дел од детската заштита.

Поврзани објави
Total
0
Share