Вархеји: Не очекувам промена на Преговарачката рамка за Северна Македонија

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји се надева дека веднаш по изборите новата Влада на Северна Македонија ќе започне со исполнување на условите од преговарачката рамка и оти ќе продолжи напред со исполнување на критериумите. Во интервју за БГНЕС рече дека критериумите за членство на Северна Македонија во ЕУ се многу јасни.

Не очекува никаква промена на Преговарачката рамка и не смета дека државите-членки сакаат да ги преразгледаат условите за пристапување.

За тоа дека во изминатите месеци некои македонски политичари тврдат дека може да има измени во Преговарачката рамка и дали има можности за промена на условите, што Северна Македонија треба да ги исполни, Вархеји вели дека критериумите за членство се јасни.

„Критериумите се многу јасни од 2022 година наваму, кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие треба да бидат исполнети и во таа смисла не очекувам никаква промена. Не сметам дека државите-членки ќе ги преразгледаат условите. Јасно е дека тие треба да бидат исполнети, рече Вархеји.

За продолжување на преговорите, како што е предвидено со преговарачката рамка, земјава треба да го отвори Уставот за да ја внесе бугарската заедница во преамбулата. Најголемите партии во изборната трка влегоа со иста желба – членство во ЕУ, но се разликуваат во ставовите како до таму.

Поврзани објави
Total
0
Share