Кандидатката за претседател на државата поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска, гласаше на избирачко место во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје.По гласањето изјави дека на 60-годишнината од основното училиште „Јан Амос Коменски”, каде што првпат зачекорила во школските клупи, денеска, рече, зачекорила да го даде гласот за себе.Ова е малку необична ситуација затоа што ние на универзитет кога сме подложени на избор излегуваме надвор од просторијата и коректно е да не гласаме за себе. Меѓутоа, ова е друг тип на битка, ова е политичка битка во која, всушност, со чинот на гласање ја изразувам сопствената убеденост во тоа што го говорам, во тоа што го понудив и се надевам дека голем број граѓани ќе го направат овој чекор да дојдат до гласачките места. Мислам дека е тоа првиот и најважен чекор, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер. Посакувам убав, сончев ден, како што почна, да заврши мирно, коректно, без нерегуларности, па ќе видиме како граѓаните ќе ме проценат. Овде учителките ме процениле одамна – истакна Ванковска.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57