Ванковска пред граѓаните на Македонска Каменица и Делчево

Кандидатот за претседател од партијата Левица, Билјана Ванковска денеска ја претстави својата програма пред граѓаните на Македонска Каменица и Делчево. Ванковска разговараше со граѓаните за актуелните проблеми и претстави делови од програмата која таа ја нуди како претседателски кандидат.

Прв пат бев овде кога ја отворавме локалната канцеларија на Левица. Денеска имаме пазарен ден и малку повеќе луѓе, продолжуваме со разговор „очи в очи” со граѓаните, од кои за жал ја слушам онаа приказна, колку граѓани утрово се качиле во автобуси и заминале од градот. Значи постојано во овој дел од Македонија, но и во останатите се соочуваме со иселување на она што е најдоброто и она што е најсакано, младите“, истакна таа.

Поврзани објави
Total
0
Share