Ванковска од Штип: Првиот чекор што ќе го направам како претседател ќе биде раскинување на Договорот со Бугарија

Кандидатката за претседател на државата на Левица, Билјана Ванковска денеска од Штип порача дека првиот чекор што ќе го направи ако ја освои довербата на граѓаните ќе биде раскинување на Договорот за добрососедство со Република Бугарија.

Таа, во овој контекст рече дека граѓаните освен сиромаштијата ги боли и националното.На вториот ден од кампањата за претседателските избори, претседателската кандидатка на Левица имаше средби со граѓани на Штип на повеќе локации во овој град. Таа рече дека била топло пречекана од штипјани, како што и самата не очекувала.Ванковска истакна дека граѓаните ги препознаваат искрените намери за зачувување на националното и бараат некој да го каже тоа што тие не смеат да го кажат.„Јас ветив дека ќе ја зборувам вистината и јасно го кажувам тоа што граѓаните го чувствуваат, а не можат да го кажат“,се наведува во соопштението за денешната средба на Ванковска со граѓани во Штип во рамките на нејзината кампања за претседател на државата.

Поврзани објави
Total
0
Share