Бугарски милионер убиен и распарчен во Софија

Распарченото тело на магнат на криптовалути е пронајдено во главниот град Софија, пишува „Њузвик“.

Посмртните останки на 41-годишниот Кристијан Пеев, кој имал американско и бугарско државјанство, биле пронајдени во тоалет од водоводџии кои биле повикани да расчистат блокиран одвод, објави британски „Мирор“.

Пеев дипломирал на американски универзитет и го изградил своето богатство преку крипто инвестиции. Инспекторите веруваат дека тој бил убиен во периодот од 8 до 9 август, а дека убиецот е Веско Валчинов, со кого се запознал пред шест години.

Локалните медиуми објавија дека убиецот ја убил својата жртва и го исекол телото во бањата пред да фрли некои од деловите во тоалетот.

Поврзани објави
Total
0
Share