Бугарија оди на нови избори, Габриел не успеа да формира Влада

Утре ќе поднесам писмо дека ја повлекувам кандидатурата за премиер. ГЕРБ нема да учествува во преговорите за втор мандат, изјави мандаторката за новата бугарска влада Марија Габриел.Имаме заеднички точки, но веројатно ќе се вратиме на нив по изборите. Останувам вицепремиер и министер за надворешни работи, рече таа додавајќи дека се надева дека ова се момент за мисла во земјата, за повеќе понизност и одговорност.На брифинг во својата ГЕРБ, кандидатката за премиер на Бугарија уште рече дека направивиле многу отстапки и дека еден од проблемите во преговорите со коалицискиот партнер партијата „Продолжуваме промената“ е личноста за министер за внатрешни работи.

Поврзани објави
Total
0
Share