Бојмацалиев: Со дигитализација против корупција

Граничната линија Север е безбедна, оцени дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев по денешната работна посета на Полициската станица Граничен Премин Табановце и средбата со раководството на ПС ГП Табановце и на Регионалниот Центар за гранични работи Север.

 Според Бојмацалиев, на ГП Табановце за периодот  јануари, февруари и март 2023, има зголемен проток и регистрирани се  шест кривични дела и 59 прекршоци.

Откриени се осум фалсификати на документи во однос на истиот период лани, а се бележи тренд на зголемување на откривачката дејност за 14 проценти за фалсификат на документи.

Во однос на  бројот на миграцијата има зголемена откривачка дејност од 60 проценти.

– Исто така, би сакал да ја информирам јавноста во минатиот период се појавија информации дека граничната линија не е доволно обезбедена.

Граничната линија и од нивна страна е потврдено и од моја страна зборувам дека е обезбедена на максимално ниво, ги користиме сите модерни технологии, имаме десет возила кои се распоредени на целата територија и кои се снимаат во домет од десет километри со термални камери, тие се мобилни возила кои ги распоредуваме во зависност од потребата на МВР и од информациите кои ги добиваме од безбедносните служби, кажа Бојмацалиев.

МВР и безбедносните служби заедно работат во зачувување на безбедноста на граѓаните и во внатрешната и нејзините граници, посочи тој и додаде дека секоја полициска станица која е на ниво на граничната линија поседува и друг вид камери кои при самото движење на територијата го снимаат и го отсликуваат тоа движење и испраќаат до одредени ИТ-уред  во МВР.

Поврзани објави
Total
0
Share