Бојмацалиев: Пристигнуваат 400.000 обрасци за лични карти

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од Ресен информира дека денеска пристигнуваат нови 400 000 образци за лични карти и дека процесите во тој дел се одвиваат тековно.

Како што е наведено во соопштението од МВР, Бојмацалиев нагласил дека е информиран од управните служби при МВР на ниво на државата, дека сепак се уште од страна на Кабинетот на министерот не е решен проблемот со одобрување на личните документи.

– Бројката на неодобрени документи е над 50 000 и во текот на денешниот ден ќе упатам писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем, потенцира Бојмацалиев.

Бојмацалиев и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска беа во посета на реконструираните простории на управните служби во Одделението за внатрешни работи во Ресен.

Поврзани објави
Total
0
Share