Бојмацалиев за КЛАН ТВ : Пристигнаа 400.000 обрасци, во магацин се

Бојмацалиев соопшти дека   400.000 обрасци веќе од саботата се во магацините на МВР. Тоа е континуирана испорака која доаѓа. Во нормални услови, нагласи Бојмацалиев, никогаш не би соопштиле, но во време на лажни вести, јас одлучив секоја нарачка да ја соопштувам во јавност.

Бојмацалиев претходно рече дека е информиран од управните служби при МВР на ниво на државата, дека сепак не е решен проблемот со одобрување на личните документи.

„Бројката на неодобрени документи е над 50.000 и во текот на денешниот ден ќе упатам писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем“, потенцираше Бојмацалиев.

„Јас секаде спомнувам неколку примери каде сме биле јас и Тошковски во различни ситуација, на пример јас на 27 април јас бев вработен во Собрание, еден од тие во прес-салата, а Тошковски беше еден од адвокатите кои ги бранеше тие на 27 април. Така што и од приватна и од професионална гледна точка сме многу различни“ рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во утринската програма на Клан.

Тој додаде дека сепак, на крајот треба да победат аргументите од правен аспект и од аспект на безбедноста на граѓаните.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share