Бојмацалиев за КЛАН ТВ :Внатрешната контрола нарачана од Тошковски покажа дека нема неправилности во истрагата за убиствата на Вања и Панче

„Во тој случај сите бевме потресени, тоа е еден таков немил настан што во последните 30 години не паметиме како граѓани, но во целата таа неубава случка која се случи македонската полиција постапи професионално, навремено и брзо“ рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во утринската програма на Клан во врска со убиството на Вања.

Тој додаде дека во рок од неколку дена беа спроведени и нарачателите и луѓето кои го спроведувале.

„Ова што го зборувам не е од политичка гледна точка или некого да бранам ова го зборувам и по извештајот кој го нарача Панче Тошковски во внатрешна контрола. Знаете дека тој нарача ревизија на целиот случај и ние обелоденивме во јавноста мислам дека беше пред 2 недели дека против  никој од колегите нема дисциплински прекршок“ рече Бојмацалиев.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share