Бојмацалиев: Докторот Ацо Трпковски го убиле на друго место, па го ставиле во автомобилот

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во утринската емисија на „Слободен печат“ откри дека матичниот лекар Ацо Трпковски бил убиен на друго место, а потоа безживотното тело било пренесено во неговиот автомобил „киа рио“ во скопска Железара.

Според она што го има како информација Бојмацалиев, местото на кое бил убиен докторот дополнително ќе се утврдува.

„Имаме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради немање доволно докази. Според оние сознанија кои ги имаме, лицето не е убиено во автомобилот, туку е донесено и телото оставено во автомобилот. И натаму не е открен мотивот на убиството“, рече Бојмацалиев за Слободен печат.За убиството на 67-годишниот доктор беа приведени три лица,но без сериозна основа да бидат притворени. 

Претходно беше кажано дека Трпковски починал од девет убодни рани и дека мотивот за неговото убиство не е поврзан со професијата.

Поврзани објави
Total
0
Share